
Република Македонија не го загубила правото на глас во Генералното собрание на Обединетите нации, информираат од Министерството за надворешни работи.
Оваа реакција пристигна по информациите во некои медиуми дека Македонија го загубила правото поради неплатен долг од 24.606 долари.
– Во однос на плаќањето, по основа на контрибуции кон Обединетите нации, неопходниот износ бил надмирен и тоа во скоро време ќе биде нотирано во Обединетите нации – информираат од МНР.
Опозициската СДСМ вчера ја прозва власта дека на државата ѝ е одземено правото на глас во Обединетите нации со потпис на генералниот секретар Бан Ки-Мун и дека две години по ред нашата држава не плаќала придонеси кон светската организација.
На ова од владејачката партија возвратија дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за државничките интереси и оти тие ја втурнале државата во борбата за зачувување на идентитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


