Куба нема да прифати никакво мешање на САД во нашите внатрешни работи, изјави претседателот на Куба, Раул Кастро, предупредувајќи дека такво нешто ќе ги направи бесмислени обидите за приближување на двете земји.
Кастро ова го изјавил по посетата на помошничката на американскиот државен секретар на Куба која разговарала со кубанските власти за повторното воспоставување дипломатски односи. Роберта Џејкобсон за време на посетата се сретнала и со кубанските дисиденти што им сметало на кубанските власти.
– По сѐ изгледа дека целта е да се поттикне подметната политичка борба преку социјални, политички и комуникациски средства. Не ли се решат тие проблеми, ова дипломатско приближување на Куба и САД ќе биде бесмислено – рекол Кастро.
Кастро, исто така, јасно рекол дека сака разговори и покрај загриженоста дали Вашингтон може да се обиде да поттикне создавање опозиција внатре во Куба по пат на телекомуникациска поврзаност и интернет.
Кубанскиот лидер, исто така, побарал од американскиот претседател Барак Обама укинување на ембаргото против Куба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


