| четврток, 6 декември 2018 |

Војната против ИД се прошири на „Твитер“

tviter

Борбата против џихдистите од Исламска држава се води и на социјалните мрежи, а 18 илјади налози на „Твитер“ поврзани со оваа група се супендирани изминатите месеци, изјави американскиот стручњак Џеј Ем Бергер.

– Приврзаниците на ИД „се под голем притисок, а најактивните меѓу нив се најчести цели за затворање на нивните налози, вели Бергер од Брукингс институтот, кој се занимава со следење на исламистите на социјалните мрежи.

Од минатата есен „Твитер“ затвори речиси 800 налози, но тоа би можело да биде само „врв на сантата мраз“, бидејќи 18 илјади налози поврзани со џихадистите се суспендирани во истиот период, покажуваат податоците што ги собрал Бергер заедно со стручњакот Џонатан Морган.

ИД до неодамна релативно без проблеми дејствуваше на социјалните мрежи. Меѓутоа, откако ИД во август минатата година ја објави снимката од бруталното погубување на американскиот новинар Џем Фоли, „Твитер“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“ воведоа построги правила против „тие што го поддржуваат тероризмот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top