Хрватските навивачи се бесни по денешниот пораз во осминафиналето на нивната ракометна репрезентација. Коментарите се различни по поразот од Полска на Мундијалот во Катар, но најдебелиот крај го извлече селекторот Славко Голужа.
-Голужа нека ги собере со автобус од пред куќа и директно нека одат кон државата домаќин, бидејќи и онака тој не е способен да подготви ниту една акција, коментираат хрватските љубители на ракометот.
-Голужа и неговите соработници ја уништија репрезентацијата. И не треба да ги браниме, туку да ги критикуваме, стои во друг коментар.
– Голужа глупаку, оди си, Лино Червар со вакви ракометари чуда би правел – беа само дел од коментарите кои можеа да се прочитаат низ хрватските медиуми…
– Можеби е време Лино да се врати, стои во друг коментар
Kaко селектор на хрватската репрезентација, Червар освои неколку сребрени медали на европските и светски првенства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст