| четврток, 6 декември 2018 |

Oдбележување 111 години од смртта на Толе Паша

10351816_10203555682237586_8859867146814374644_n

Со повеќе активности во недела, 1 февруари, ќе се одбележат 111 години од загинувањето на војводата Толе Паша. Во организација на друштвото „Калеш Анѓа“ во недела во 11 часот ќе се посети гробот на војводата и неговиот син Велјан во с. Крушевица, а подоцна ќе се одржи и културно-забавна програма и комитски ручек и забава.

Толе Паша односно Стојан Кулески или Стојан Трајков Куликов (с.Крушевица, Мариовско, 1868 – месност Кленов Дол, до с.Гуѓаково, Мариовско, 3 февруари 1904) е македонски револуционер и борец кој бил член на ТМОРО и четник во четата на Мирче Ацев – Оровчанецот. Според народните кажувања тој се одметнал и станал комита, откако убил Турчин кој сакал да ја граби неговата невеста. Подоцна Толе Паша бил мариовски војвода. Во Илинденското востание учествувал во нападот на гарнизонот во с.Витолиште. Загинал со својот син, Велјан, и со осум четници во борба со османлиската војска. За него се испеани познатите народни песни „Кондисал ми Толе Паша во това село Градешница“ и „Абре бабо, стара бабо, кој војвода беше снпшти у вас на вечера дали беше Толе Паша или Петко од Маково“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top