Полска против домаќинот Катар, е првиот полуфинален пар на Светското ракометно првенство.
Ова е епилогот по два одиграни натпревар од четвртфиналната рунда на Мундијалот.
Домаќинот на СП, Катар благодарение на фантастичната игра во првото полувреме кое го доби со 18:14, ја победи репрезентацијата на Германија со 26:24.
Како што најавија пред овој меч, челниците на федерацијата на секој играч за победа во четврфиналето ќе добијат стан во елитната населба на вештачкото острово во Доха, Масерати и милион долари!
Полјаците во вториот четвртфинален меч, исполнет со голем број на резултатски пресврти, славеше победа над фаворизираната Хрватска со 26:24.
Која ќе биде втората полуфинална двојка на Мундијалот, ќе дознаеме вечерва откако ќе бидат одиграни преостанатите два четвртфинални натпревари во кои се среќаваат, Шпанија – Данска и Словенија– Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.