Мкаедонскиот премиер Никола Груевски, денеска се сретна со битолчанката Весела Богдановиќ, одделенски наставник во основното училиште „Кочо Рацин“ од село Ивањевци, општина Могила.
Богдановиќ влезе во изборот меѓу педесетте најдобри наставници, во конкуренција од неколку илјади просветни работници од повеќе од 150 земји од светот.
Станува збор за избор кој го организира „Varkey gems fondation”, чиј претседавач е поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Натпреварот меѓу најдобрите продолжува се до изборот на најдобриот наставник кој ќе ја освои титулата Global Teacher Prize.
Богдановиќ го запозна премиерот и пренесе своето искуство од водењето на образовниот процес во матичното училиште, како и активните мерки кои се превземаат и наставните методите кои ги применува за време на часовите, а кои се компатибилни со новите наставни програми и учебници изработени од Центарот за наставни програми на Кембриџ, информираат од Владата.
Таа ја потенцираше корисноста од интерактивните техники кои се превземаат во спроведувањето на наставата, наспроти пасивното изучување на материјата како и корисноста од ангажираноста на наставикот при презентирање на наставната содржина, како метод кој е позитивен и наоѓа на интерес и прифатеност од самите ученици.
Целокупното искуство и позитивните методи на работа се содржани во нејзините 200 едукативни филмови и работни листови, со кои Богдановиќ конкурирала на изборот за најдобар наставник во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст