| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески туристи со чартер летови до Македонија

turisti-vo-carsija

Претставници на Секоротот за туризам и локален економски развој од Охрид и на Бирото за туризам на кинескиот град Далиан денеска го парафираа Меморандумот за соработка во областа на туризмот.

Како што појасни градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, станува збор за документ што ја уредува идната соработка меѓу двата града во областа на туризмот, а предвидува размена на информации, продукти и услуги од областа на туризмот, организирање туристички групи од НР Кина кон Охрид, можности за воспоставување чартер-летови од Кина до Македонија, како и заеднички настап на туристички на саеми и манифестации за туризам.

– На овој начин придонесуваме за сорботката меѓу двата града за која сметаме дека ќе вроди плод и после нејзино официјализирање ќе имаме можност да донесеме кинески туристи, како во Охрид така и во другите туристички центри во Македонија, рече Бакрачески.

Во таа насока за време на посетата на охридската делегација на Кина реализирана во ноември минатата година беше и договорена посета на неколку екипи на кинески телевизии на Охрид во април оваа година, што ќе снимаат репортажи за нашата туристичка понуда, а ќе бидат емитувани на нивните телевизиски станици пред милионискиот кинески аудиториум.

Инаку, за време на посетата на високата делегација од Далиан предводена од заменик-градоначалникот Кју Ксаио Феи, ќе се разгледуваат и конкретни модалитети на идна соработка Универзитетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“ и универзитатската заедница на Далиан, каде информатичката технологија е меѓу трите водечки стопански дејности.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top