| четврток, 6 декември 2018 |

Данците ги налутија Хрватите, повторно ќе освоите дрвен медал

Данците ги налутија Хрватите со прогнозата дека популарните „каубои“ повторно ќе бидат четвропласирани, со што ќе останат без медал. Или како што во спортските кругови се вели за проклетството, за неблагодарното четврто место, ќе им припадне дрвен медал.

„Франција е најсилна и ќе игра финале со нас или си Шпанија, а Хрватска повторно ќе биде четврта, како единствен полуфиналист без медал“, прогнозираа данските новинари.

Qatar 2015 M41 MKD vs CRO

Денеска се играат четвртфиналните мечеви со две големи дерби пресметки меѓу Данска и Шпанија од 19 часот и меѓу Хрватска и Полска од 16,30 часот. Во истиот термин Германија и домаќинот Катар ќе играат за место во полуфиналето и можност да учествуваат во битките за медал.

Во 19 часот покрај мега-пресметката меѓу Данците и Шпанците ќе се игра и мечот меѓу Франција и Словенија.

Во последните десетина години Хрватска дури четирипати беше четвртопласирана на големите натпреварувања, најчесто на Европските првенства. Изразот дрвен медал е интересен и е симболичен, а се однесува на баксузното четврто место или на единствениот полуфиналист што не освојува медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top