Тој посочува дека секогаш е неопходно да се има стабилно окружување без експерименти и силен извозен сектор за да оди економијата напред.
– Мала отворена економија не може да биде стабилна и да има социјална кохезија без силен извоз. Вие сте на добар пат да ги постигнете овие цели. За тоа ви е потребна и малку среќа, но во секој случај обидете се да играте на начин кој сами ќе го изберете, а не како што ќе ви кажат другите, бидејќи на крајот вие живеете во Македонија, а не странците – изјави Гаспари за МИА по завршувањето на предавањето во рамки на ЕУ Твиниг проектот за зајакнување на капацитетот на Министерството за финансии за макроекономска анализа и формулирање на политики.
На предавањето во Министерството за финасии, на кое присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот нa НБРМ Димитар Богов, истакна дека Македонија е среќна што за време на економската и должничката криза не беше членка на Европската унија. Тоа, додаде, е една од причините за растот на економијата и полесното справување со кризата.
Според него, реализацијата на капитални инвестиции е добра за економија како македонската. -Капиталните инвестиции се добри за секоја одржлива економија. Доколку инвестирате во инфраструктурата, образованието и здравството ја правите вистинската работа за својот народ – рече Гаспари.
Политиката на привлекување директни странски инвестиции во Македонија, нагласи, носи нови технологии, знаења и пазари.
– Покрај тоа носи и некои бенефити. Нормално е дел од профитот од слобдните економски зони да се одлива, бидејќи секој инвеститор сака да го прелее во својата матична држава, но секако дел останува и кај вас – прецизира Гаспари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



