| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарите ја бојкотираат Аделина Тахири

Аделина Тахири пред пријателите и претставниците на седмата сила ќе го промовира новиот материјал на кој веќе подолго време активно работеше, но и заедно со целиот тим на OnAir.FM Macedonia и мобилниот оператор Оне ќе подготви големи изненадувања за присутните, ова е поканата што пристигна од пејачката Аделина Тахири. Иако на поканата беше нагласено дека промоцијата е закажана за 11 часот, по пристигнувањето во хотелот, вработените ги известија новинарите дека промоцијата на новиот албум е закажана за 11:30 минути.

Untitled

Новинарите, и покрај тоа што не се известени за промената на часот, решаваат да ја почекаат пејачката триесет минути подоцна од договореното. Но, до 11.40 ни трага ни глас од Аделина. По ова претставниците на седмата сила се договорија да ја бојкотираат промоцијата и да го напуштат хотелот.

– Треба да се научат таканаречените ѕвезди дека треба да нѐ почитуваат и нас и нашето време. Речиси нема промоција која почнала навреме или со некое разумно доцнење од петнаесетина минути. Со ова сакаме да им дадеме на знаење на јавните личности дека има ред на нештата и дека треба да го почитуваат и нашето време. Па, нека оценат сами дали им се потребни новинарите или можат и без нив – велат претставниците на седмата сила кои беа присутни во хотелот каде што беше најавена промоцијата.

Реакцијата на менаџерскиот тим на Аделина тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top