Со сета почит до Албанците, имам да му порачам неколку работи на Дехари. Со Република Албанија имаме почитувани и респектирани соседски односи. Албанците во Кичево секогаш биле почитувани граѓани, се живеело во мир и помагање, како што треба во заедница. Тој се претстави со фотографија со „калашников“, а потоа и со сонот како патувал од Тирана преку Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово, сонот за етничка Албанија, а не Македонија. Ниту во 2001 година, ниту сега, ниту некогаш Дехари ќе исплаши некого со неговите фотографии. Ако сака да живее во Албанија, ете му ја Албанија, нека живее таму, тука било, е и ќе биде Македонија. И Струга и Тетово и Кичево и Куманово и Вранешница сѐ е тоа Македонија – рече Никола Груевски синоќа во Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница