| четврток, 6 декември 2018 |

Хуси бара мирно предавање на власта во Јемен

yemenЛидерот на шиитската милиција Хути во Јемен изјави дека сака мирно предавање на власта по оставката на претседателот Абд Рабу Мансур Хади и ги повика сите групи во Јемен да работат заедно за изнаоѓање на излез од кризата.

Абдел Малек ал Хуси исто така предупреди дека е недозволиво Јемен да се распадне, при што изтрази надеж дека консултациите што се водат под покровителство на Обединетите нации ќе бидат успешни.

Милицијата Хути го ослободи шефот на претседателскиот клабинет Ахмед Авад бен Мубарак, кој беше киднапиран на 17 јанури.

Киднапирањето на Мубарак придонесе за обновување на политичката криза во Јемен и доведе до судир меѓу милицијата и претседателската гарда, што заврши со оставка на претседателот и на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top