Акумулациите во источна Македонија се испуштаат контролирано. Директорите на Водостопанските претпријатија, Брегалница и Радовишко поле, велат дека мораат да ја испуштаат водата од Калиманци, Гратче и Мантово, бидејќи се очекува нов циклон, односно бран од врнежи на дожд и снег во петок, пренесе Тв Ирис.
Во најголемата вештачка акумулации во источна Македонија Калиманци во моментов котата е на 513, а пристигнуваат 23 метри кубни во секунда вода.
Од езерото Мантово, но и од Меденска река од денеска низ Крива Лакавица се испуштат околу 18 метри кубни вода во секунда. Затоа и денеска општина Штип ги извести граѓаните во Лакавичкиот регион да бидат внимателни и да се подготват за новиот циклон.
Екипи на Општина Штип со градежна механизација на неколку места го санираат коритото на Крива Лакавица, патот кон Мантово, а се пробиваат и алтернативни патишта до трите села кои се уште се отсечени.
Жителите на село Лакавица велат дека утринава се информирани од страна на општината дека ќе следи нов воден бран. Состојбата под контрола се става и во општина Карбинци. Без вода се уште е селото Радње, а селата Долни Габер и Оџалија имаат струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.