Полскиот претседател Бронислав Коморовски денеска изрази почит и признание за советските војници кои го ослободиле нацистичкиот концлогор Аушвиц-Биркенау.
– Полска со уважување се потсетува на војниците од Црвената армија, кои го ослободиле логорот, соопшти Коморовски на церемонијата по повод 70-годишнината од овој настан.
Тој потсети дека на тоа „место жестоко беа убиени над еден милион лица, главно Евреи, но и Полјаци, Роми и советски воени заробеници. Аушвиц-Биркенау – тоа е предупредување за неопходноста од почитување на правото на луѓето на слобода и самопочит“.
Истовремено, полскиот претседател како да стави знак на еднаквост меѓу двата тоталитарни система – германскиот нацизам и советскиот комунизам, забележуваат француските медиуми. Тој потсети на масакрот во Катин, кога илјадници претставници на полската елита беа егзекутирани од советските тајни служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Две третини од американската Y генерација не знаат што е Аушвиц
-
Кога љубовта ќе победи: Eдит 71-ва година по ред ќе го мине Св. Валентајн со војникот кој ја спаси од Аушвиц
-
Германски политичар осуден поради тетоважа на логорот Аушвиц
-
Снимка од дрон над Аушвиц: Кога ќе го видите видеото ќе ви се заледи крвта