| четврток, 6 декември 2018 |

Русија лани продала оружје за 15 милијарди долари

Putin + gunРусија во текот на 2014 година продала оружје во вредност од над 15 милијарди долари, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од британските медиуми. Тој притоа додаде дека веќе се склучени нови договори за приближно 14 милијарди долари.

Русија е вториот најголем извозник на оружје во светот по САД. Путин додаде дека Русија минатата годниа извезла воена техника во повеќе од 60 земји во светот, и тоа во време кога нејзините врски со Западот беа сведени на минимум, пред се, заради конфликтот во Украина.

– Русија ќе го шири своето присуство на перспективни пазари за оружје, како Азиско-Тихоокеанскиот регион, Африка, Латинска Америка и Карипскиот басен. Русија е надежен и предвидлив партнер на светскиот пазар на оружје и не го ставува реализирањето на своите обврски во зависност од актуелната политичка коњуктура, забележа рускиот претседател во Кремљ на седница на комисијата за воено-техничка соработка со други држави.

Според Путин, извозот на високотехнолошки воени производи има важно значење за Русија, особено во сегашната сложена геополитичка ситуација. Тоа е важно за модернизирањето на производството на одбранбената индустрија и помага во решавањето на многу социјални прашања, посочи Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top