| четврток, 6 декември 2018 |

Наставниците на час со оружје

pakistanНаставниците во Пакистан имаат право да носат оружје на час и да посетуваат обука за ракување со огнено оружје, со цел да се зајакне безбедноста во училуиштата по талибанскиот напад во училиштето во Пешавар, соопштија денеска пакистанските власти.

Еден талибанец во декември упадна во училиште во Пешавар и уби 150 лица, од кои 132 ученици. Тоа е најкрвавиот напад во историјата на земјата.

По нападот пакистанските власти го укинаа мораториумот на смртната казна и најавија формирање на нови антитерористички воени судови и ветија дека ќе ги гонат имамите од радикалните џамии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top