| четврток, 6 декември 2018 |

Грипот се шири

grip

Во текот на третата недела од 2015 година, според податоците објавени од страна на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, забележан е пораст на лицата заболени од грип. Во овој период во Република Македонија се пријавени 876 новозаболени лица. Во однос на минатата недела бројот на регистрирани случаи е зголемен за 46,2 отсто.

Во споредба со бројот на заболени во третата недела од минатата сезона, оваа година  се бележи намалување за 37,2%, а во однос на просечниот број на заболени за оваа недела во изминатиот 10-годишен период, исто така се регистрира намалување на бројот на пријавени заболени лица, кое изнесува 14,7 проценти .

Од Институтот за јавно здравје велат дека бројот на пријавени случаи на грип или заболувања слични на грип продолжува да расте и се очекува трендот на пораст на активноста на вирусот на грип да продолжи и во наредните недели.

Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2014/2015 заклучно со 3-тата недела од 2015 година изнесува 3 885 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top