| четврток, 6 декември 2018 |

Професорскиот пленум сам против себе: За Ванковска Фрчко е кодош и кукавица, од Пендаровски ѝ доаѓа да се убие

vankovskafrcko1 vankovskafrcko2

„Порака до Героски да ги остави професорКите на мира – тие не прават манџи, тие дигнаа на нозе стотици колеги. Туку, оној неговион со пурата што изиграва Че Гевара влезе кукавички, на мала врата. Да ти се плукнам во професорот кој шири „шарена лажа“ и нема храброст да се појави со име и презиме. Бреј кодош – сега кодоши колеги и студенти!“, напиша професорката Билјана Ванковска на својот профил на „Фејсбук“ револтирана од колумната на нејзиниот колега Љубомир Фрчковски, како и за „анонимната“ изјава на професор во која тој вели дека дел од Професорскиот пленум сака да соработува во власта.

„Ова е артилеријата (за среќа со ќорци) на една добро позната групација. Треба да им се скинат главите на професорКите, за да имаат слободен пристап. Но, се зезнале, бидејќи ниту во Професорскиот пленум врие, ниту се дели. Ќе бидат отстранети штеточините и политикантите, и тоа на убав начин“, коментира таа подoлу на истиот статус.

Очигледно во Професорскиот пленум не е сѐ така мирно и тивко. Работите, се чини, не течат онака како што Ванковска сака поради што им најави војна на, како што вели, штеточините.

Таа го нарече Фрчковски кодош и кукацица. Пред само неколку дена пак ѝ дојде да се убие поради Стево Пендаровски.

vankovskastevo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top