| четврток, 6 декември 2018 |

Осум лица загинаа во нападот на џихадистите врз хотел во Триполи

­ Најмалку осум лица, вклучувајќи и петмина странски државјани, се убиени во напад на џихадистите од Исламска држава врз луксузниот хотел „Коринтија“ во Триполи, сооопштија денеска либиски безбедносни претставници. Меѓу загинатите се две жени, лице од безбедноста, како и двајца напаѓачи, за локалната телевизија, изјави директорот на либиските специјални одбранбени сили, Махмуд Хамза, пренесоа британските медиуми.

Хамза не ја соопшти националноста на загинатите странци. Борци на Исламска држава во Либија денеска ја презедоа одговорноста за нападот врз луксузниот хотел „Коринтија“ во Триполи. Во пораката на „Твитер“, разгранокот на Исламска држава во западна Либија соопшти дека нивните џихадисти упаднале во хотелот, познат по тоа што во него најмногу престојуваат странски дипломати и либиски официјални претставници.

Локалната полиција претходно денеска соопшти дека вооружени напаѓачи упаднале во луксузниот хотел во Триполи и зеле заложници, по што убиле најмалку тројца припадници на обезбедувањето на хотелот. Менаџерот на хотелот, Хасан ал­-Абеј, изјави дека петмина маскирани напаѓачи упаднале во хотелот пукајќи во воздух. Ал­-Абеј додаде дека хотелот бил евакуиран пред напаѓачите да се судрат со обезбедувањето и дека тие на паркингот пред хотелот активирале автомобил­-бомба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top