Петре Шилегов молчи, а Зоран Заев мува не го лази што неговиот најблизок соработник е поврзан со криење фирми и закупнини, сомнеж за перење пари и стекнување имот и злато од околу 1 милион евра по нејасен и сомнителен пат. Очигледно, Зоран Заев ги избира соработниците по својот лик. Прво беше случајот со кириите на Радмила Шекеринска, а сега и кириите на Петре Шилегов – посочи на денешната прес-конференција Александар Стојкоски, пратеник од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Откако Шилегов не даде никакви одговори на, како што велат од партијата, прашањата од јавноста за своите сомнителни зделки, Стојкоски побара одговори од Зоран Заев како претседател на СДСМ и негов надреден.
Стојкоски запраша:
- Дали Зоран Заев мисли дека 130 илјади евра за злато се луксуз или не се луксуз?
- Дали Зоран Заев мисли дека е нормално просечен човек во Македонија да може да купи уметнички слики од 50.000 евра?
- Што мисли Заев од каде му се на Шилегов парите, со оглед на фактот што кажува дека златото го стекнал со купопродажен договор?
- Дали Зоран Заев смета дека лажните кирии, со кои пари им легнуваат на сметка на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов, се оправдани?
- Дали станот на Радмила Шекеиснска вреди за кирија од 5000 евра и дали во станот на Петре Шилегов може да функционираат 4 фирми?
- Дали Зоран Заев познава некој друг што за кирија за стан плаќа 5 илјади евра и некој друг што има злато од 130 илјади евра и го купил со купопродажба?
– Ова господине Заев се прашањата кои останаа неодговорени од вашите најблиски соработници. Недозволиво е вие и вашите сопартијци да се однесувате арогатно и игнорантски кон јавноста. Секој ден излегуваат матни скандали врзани со највисокото раководство на вашата партија, а вие молчите. Очигледно вие сте им урнекот на вашите соработници. Во СДСМ сте го довеле до совршенство моделот на богатење преку сомнителна исплата на кирии – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



