Министерството за образование и наука апелира до управите на средните училишта, до членовите на СОНК и до сите ангажирани субјекти во реализацијата на процесот на екстерната проверка на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта), да им овозможат на учениците коишто пристигнале во училиштата на однапред дефинираниот термин, непречено да ја реализираат својата училишна и законски регулирана обврска.
– Имено, во согласност со информациите од информативните центри и ангажираните тестатори и набљудувачи, во ССОУ „Киро Бурназ“ во општина Куманово, на учениците кои пристигнале во училиштето, им било оневозможено да се тестираат, односно да го верификуваат стекнатото знаење, што е спротивно на нивната волја и позитивните законски прописи во Република Македонија. Проблеми со учениците се детектирани и во средните училишта во општина Тетово – велат од МОН.
Според нив, тоа предизвикува директна штета по однос на воспитно- образовниот процес на учениците и подразбира ограничување на правото на понатамошно образование, односно упис и формализација на високото образование.
– Затоа ги повикуваме членовите на СОНК и сите други одговорни лица во образовниот процес, да не експериментираат со учениците, да не ги злоупотребуваат, да не си поигруваат со нивните судбини и активностите да ги реализираат на начин преку кој нема да предизвикаат реперкусии врз нивното образование – додаваат од МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



