
Ужасите кои се случувале во Аушвиц, најпознатиот концентрационен логор во светот, каде што илијадници Евреи го загубија животот ќе бидат запаметени како еден од најмрачните периоди во човековата историја.
Како што раскажува доктор Миклош Њисли, кој во Аушвиц стигнал во 1944 година, после војната, прозивката во логорот почнувала во три часот наутро и траела дури по четири часа.
Заробениците се ределе во колони од по петмина и така стоеле до седум часот, кога во логорот пристигнувале официри на СС-војската. За тоа време, чуварите во логорот ги терале заробениците да клечат по еден час, држејќи ги рацете над главата, или пак ги тепале.
Д-р Њисли открива дека дури и мртвите морале да бидат присустни на прозивката. Нив ги држеле во вертикална положба другите заробеници додека не завршела прозивката.
За помалку од две години, колку што Њисли минал во Аушвиц, во бараките секоја ноќ умирале меѓу пет и девет лица. Тој бил во поповолна ситуација, бидејќи бил дел од персоналот кој му помогал на доктор Менгеле. Поради тоа се будел во седум часот и на прозивката бил присутен само неколку минути.
По прозивката, затворениците заминувале на принудна работа, движејќи се по петмина во колона. На себе имале униформа во риги и неудобни древени чевли. Долна облека и чорапи не биде дозволени.
Додека го напуштале логорот и оделе на принудна работа, затворскиот оркестар имал задача да свира некоја весела мелодија. Овие музички групи биле одлично организирани, а најпозната била Женскиот оркестар Аушвиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Две третини од американската Y генерација не знаат што е Аушвиц
-
Кога љубовта ќе победи: Eдит 71-ва година по ред ќе го мине Св. Валентајн со војникот кој ја спаси од Аушвиц
-
Германски политичар осуден поради тетоважа на логорот Аушвиц
-
Снимка од дрон над Аушвиц: Кога ќе го видите видеото ќе ви се заледи крвта


