Четири момчиња се повредени со убодни рани откако вчеравечер биле физички нападнати од три непознати лица во трговскиот центар „Мавровка“.
МВР денеска соопшти дека синоќа во 18.30 часот во ТЦ „Мавровка“ три непознати лица физички ги нападнале М.Н.(18), С.И.(18) и Б.М.(23) сите од село Арачиново и Ј.Љ.(21) од Скопје, при што со остар предмет им нанеле убодни рани.
Повредените лица се пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски” при што на Б.М. му е констатирана тешка телесна повреда, а на другите три лица им се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст