Премиерот Никола Груевски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.
– Дозволете ми во свое лично име и во името на Владата на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод празникот Свети Сава. Тој со своето дело оставил значајна трага во развојот и растот на српската заедница која со особено почитување и внимание го празнува овој ден – се вели во честитката.
Истовремено, се наведува во честитката, наша чест и задоволство е да го одбележиме и прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, заедница која е значаен дел од македонското мултиетничко општество која со својот ангажман и посветеност дава свој придонес во напорите за унапредување на економскиот, политичкиот, културниот живот во земјата, и влијае на општиот развој на земјата.
– Српската заедница претставува дел од нашето општество и со своите особености придонесува во зачувување на уникатноста на нашата држава и е активен учесник во процесите. Ви посакувам добро расположение во текот на оваа Светосавска недела, убава домашна атмосфера и добро здравје, среќа и успех на сите припадници на српската заедница во Република Македонија – стои во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст