Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, се наврнати 24 литри на квадратен метар во Дојран, 18 во Гевгелија, 16 во Струмица, 11 во Виница, 10 во Берово, осум во Демир Капија и Дебар, седум во Штип, четири во Кавадарци и Маврово, три во Претор и Пожаране, два во Скопје, Тетово, Лазарополе и Ѓуриште, како и еден во Крива Паланка, Битола и во Крушево.
Висината на снежната покривка е 32 сантиметра во Маврови Анови, 10 во Лазарополе и Виница, девет во Берово, седум во Пожаране, четири во Крушево и Ѓуриште, три во Штип и Претор, како и еден во Струмица, Тетово, Дебар и Тополчани.
Времето е облачно со локални врнежи од снег, а во југоисточниот дел и снег. Дува слаб ветер од северен правец.
Минималните температури во седум часот беа -5 во Маврови Анови, -3 во Крушево и Лазарополе, -1 во Крива Паланка, нула во Струмица, Куманово, Берово, Прилеп, Тетово, Штип Претор, Виница и Дебар, еден во Скопје, Битола, Кавадарци Охрид и Д.Капија, три во Гевгелија и четири во Дојран.
Во текот на денот ќе има повремени врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од дожд и од снег, каде што врнежите ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 1 до 7 степени.
Во Скопје облачно, претпладне со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне пет степени.
Во среда ќе преовладува облачно време со услови за локални врнежи претежно од снег, а во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Од петок попладне и во деновите од викендот се очекуваат нови пообилни врнежи со засилен јужен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.