| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав се сретна со делегација на ДПМ

Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, вчера прими делегација на Друштвото на писателите на Македонија, предводена од претседателот Веле Смилевски. На средбата стана збор за соработката на ДПМ со писателите од соседството и регионот, како и за релациите на македонската писателска асоцијација со соодветните здруженија во земјите на Европската Унија. Беше констатирано дека забележлив е позитивен процес во преведувањето и афирмирањето на македонската литература во светот и дека тоа треба да биде поттик за проширување и интензивирање на соработката со користење и на евроските фондови за литература и култура.

Делегацијата на ДПМ на Евроамбадасорот Аиво Орав му подари едиција дела од истакнати македонски писатели објавени на англиски јазик.

Друштвото на писателите на Македонија од 2002 година е член на Европската писателска асоцијација. На 13 февруари ДПМ ќе го одбележи јубилејот 68 години од своето формирање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top