Хрватската полиција уапсила припадник на терористичка група за која е распишана меѓународна црвена потерница. Има сомневања дека уапсениот припаѓал на терористичка група која регрутира џихадисти и ги испраќа да војуваат на страната на Исламската држава.Апсењето било извршено на барање на австриската полиција која не успеала да и влезе во трага на групата. Терористиот е уапсен на 16 декември на меѓународниот граничен премин во Славонски Брод. Станува збор за државјанин на БиХ на возраст од 49 години. Тој е приведен по враќањето од Горња Маоча, кој претставува центар на вехбистичкото движење во Босна.
Хрватската тајна служба го лоцирала при обид да влезе во Хрватска, а на 15 јануари била завршена екстрадиционата постапка за испорака во Австрија. Екстрадицијата била извршена во строга тајност, а сега е сместен во затворот во Грац заедно со уште петмина џихадисти од истата група. Сите се осомничени дека врбувале момчиња и девојки од Хрватска, БиХ и Словенија и ги испраќале на боиште во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.