| четврток, 6 декември 2018 |

Слаб снег на патиштата, во прекин неколку регионални патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат кај Страцин, Крива Паланка, Делчево,Тетово, П. Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, М. Брод, Плетвар, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево, Струмица, Велес, Кула и Смојмирово, но не претставуваат проблем за нормално одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

vlazni kolovozi
Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип се уште останува.

На регионалниот пат Р2232 на м.р. ”Глобица” во непосредна близина на с. Ратавци – Пробиштип сообраќајот е се уште во прекин.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с. Степанци и с. Суво Грло.

Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на р. Вардар.

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д. Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top