Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до 30 јануари во период од 9 до 17 часот во Центарот за катастар на недвижности – Скопје, кој се наоѓа на улица „Дрезденска“ бб ќе организира отворени денови за граѓаните од подрачјето на Град Скопје.
Од Агенцијата за катастар на недвижности ги повикуваат сите граѓани кои имаат било какви нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат и да се консултираат за сите прашања.
Граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9:00 до 16 часот на телефоните 3097-300 и 3097-337.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Мукоски: Ова се историски денови на бранење на државата, не се изгубени денови во Собранието



