| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмајер: Никој не сака по секоја цена да се воведат нови санкции кон Русија

Никој не тежнее по секоја цена да воведе нови санкции кон Москва поради нејзината позиција кон Источна Украина, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер пред средбата на европските министри за надворешни работи, закажана в четврток.

Тој наведе дека офанзивата на проруските сепаратисти врз пристаништето Мариупол ќе претставува значителна промена на ситуацијата и Европа ќе треба да реагира.

Штајмајер предупреди дека истекува рокот за мировниот договор од Минск и ја повика Москва да испрати јасни инструкции до бунтовниците во Источна Украина.

Министрите за надворешни работи на Европската унија на средбата в четврток ќе одлучат како ќе реагираат на новонастанатата ситуација и дали ќе има нови санкции кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top