Познатиот холивудски актер и комичар Зак Галифинакис синоќа го прескокна црвениот килим на филмските награди САГ (Screen Actors Guild), a изненади со својот изглед дури кога се појави на сцената на Шрин театарот во Лос Анџелес, како добитник на наградата за најдобра филмска екипа за филмот „Птица-човек“ (Birdman).
Видно ослабен, 45-годишниот актер кој се прослави со комичните улоги во „Мамурлак“, повеќе не личи на себеси. Вечно буцкастиот Галифинакис е „половина човек“ без вишокот килограми и вишокот брада.
Галифинакис почна со слабеење пред неколку месеци, а веќе на премиерата на филмот во октомври можеше да се забележи разликата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





