| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот театар одбележува 65-годишен јубилеј со премиера на „Сон на летната ноќ“.

По повод прославата на 65-годишнината од основањето на Националната Установа Турски Театар, в среда (28 јануари) премиерно ќе ја изведе преставата „Сон на летната ноќ“од Вилијам Шекспир и во режија на Александар Поповски на сцената на Театар Комедија.

Сценограф е Свен Јонке, костимите се на Јелена Проковиќ, музиката на Кирил Џајковски, а асистент на режија : Ивана Ангеловска, а улогите ги толкуваат: ТЕЗЕЈ : Атила КЛИНЧЕ, ХИПОЛИТА: Сузан АКБЕЛГЕ, ЕГЕЈ : Тамер ИБРАХИМ, ЛИСАНДЕР : Осман АЛИ, ДЕМЕТАР : Селпин КЕРИМ, ХЕРМИЈА : Филиз АХМЕТ / Несрин ТАИР, ЕЛЕНА : Слаѓана ВУЈОШЕВИЌ, ПЕТЕР КИНС: Аксел МЕХМЕТ, НИК БОТТОМ: Џенап САМЕТ, ФРАНЦИС ФЛУТ: Неат АЛИ, ТОМ СНОУТ : Ерман ШАБАН, СНАГ : Ријад ТАХИР, СТАРВЕЛИНГ : Тамер ИБРАХИМ, ОБЕРОН: Атила КЛИНЧЕ, ТИТАНИЈА: Сузан АКБЕЛГЕ, ПУК : Салаетин БИЛАЛ, ВИЛА: Росана СТЕФАНОВА и ВИЛА: Сара ЦВЕТКОВСКА

-Прашањето што денеска значи љубовта, сонот, илузијата, идеологијата не засега сите, а сонот е составен токму од овие елементи. Сонот во некој смисол е и радикален, бидејќи ние го напуштивме сонувањето, кое е дури и демоде. Денес соништата неможеме да ги најдеме на пазарот. Светот на фантазијата, митовите, потсвеста – за мене светот на убавината – е обвиткан со завеса, зад која ретко погледнуваме.   Во оваа претстава не сакавме до крај да ги одвоиме стварноста и сонот; во целина претставата можеби е сон на еден стар човек, можеби на Пук, а можеби и на актерот кој го играл Пук. Јас оваа претстава ја гледам како една сфера, во која има уште една сфера и уште една… Сон во сонот сон… Овој сон продолжува се до крајот на монологот на Пук, кој го “позајмивме” од Просперо, бидејќи Просперо истовремено е и Пук, како што Сон на летната ноќ и Бура на места е истиот текст, вели режисерот Александар Поповска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top