Дваесет и двегодишната Паулина Вега, претставничка на Колумбија, победи на овогодишниот избор за „Мис на универзумот“, кој се одржа синоќа во американскиот град Мајами.
Колумбијката ја освои титулата во конкуренција со 87 убавици од целиот свет.
Титулата прва придружничка ѝ припадна на убавицата од САД, Нија Сначез, а втора придружничка е прогласена Украинката Дијана Харкуша.
Вега, на која ова ѝ е прво учество на избор за убавица, изјави дека по победата планира да се посвети на обрзованието и да заврши факултет за деловна администрација.
Македонија немаше своја претставничка на изборот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.