Потпретседателот на бугарскиот Парламент и пратеник од Перник, Росица Јанакиева почина синоќа, јави БТА.
Таа е родена на 7 јули 1954 година во Перник. Дипломирала хемија на униврзитетот „Свети Климент Охридски“. Почнала да работи како технолог во фабриката „Пектин“ и била директор на окружниот младински дом и експерт за енергетика во пернишката „Топлификација“.
Од 1995 до 2005 година таа беше градоначалник на најголемата пернишка општина Исток, а во два мандати беше и градоначалник на Перник.
Јанакива беше пратеник во 40. Народно собрание од редовите на Бугарската социјалистичка партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.