
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски утре ќе престојува во официјална посета на Република Албанија, на покана на неговиот албански колега Дитмир Бушати.
Kако што информираат од македонското МНР, се очекува министерот Попоски да биде примен од албанскиот претседател Бујар Нишани и од албанскиот премиер Еди Рама, како и од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија, Арта Даде.
За време на посетата министерот Попоски ќе оствари средба и со претставници на македонското национално малцинство во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


