Селма Хаек по пауза од две години се враќа на големото платно со нова улога која е нејзино најбомбастично издание досега.
Мексиканската актерка ја толкува главната улога во „Еверли“ (Everly), трилер во режија на Џо Линч. Селма ќе ја портретира Еверли, жена која мора да се одбрани од платените убијци испратени од нејзиното поранешно крими-бос момче во нејзиниот стан.
Во исто време Еверли треба и да ги спаси мајка си и ќерката од него без да излезе од станот кој е целосно опколен од сите страни.
Јејл Ханон и Џо Линч се погрижија за сценариото на филмот, а премиерата во САД се одржа на 23 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.