| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од касарната Илинден ќе стане првата финансиска зона во Македонија

kasarna

Старата касарна Илинден – нова финансиска зона. На просторот на воените бараки и полигони ќе се градат модерни деловни центри. 10 до 20 хектари од вкупната површина од 80 ќе бидат пренаменета за слободната зона, објави Алфа.

Незагдувачки деловно – административни згради и придружни услужни објекти треба да никнат на празните полјани. Во нив треба да се сместат банки, осигурителни компании, инвестициски фондови во чиј фокус нема да биде домашниот, туку меѓународниот финансиски пазар.
За да привлече што е мошно поголем број од ваквиот вид на корпорации, Македонија ќе конкурира со даночни поволности  и квалификувана работна сила. Работата според највисоките меѓународни финансиски стандарди треба да ја позиционира земјава на глобалната финансиска мапа. Придобивките ќе бидат повеќекратни. Ќе се зголеми бројот на работни места, а во краен случај ќе има ефекти и врз зголемување на економскиот раст.
Инаку, за да се формираат финансиските зони се менува и Уставот. Собранието веќе ги утврди амандманите, меѓу кои е и оној за финансиските зони. За него допрва ќе се гласа, а за да помине во законодавниот дом потребно е двотретинско мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top