| четврток, 6 декември 2018 |

Надал и Бердих во четвртфиналето на Австралија Опен

Дербито во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во тенис ќе се одигра меѓу Рафаел Надал и Томаш Бердих.

Tennis Australian Open 2015

Ждрепката сакаше тие двајца да се сретнат во мечот кој значи пласман во четирите најдобри на првиот грен-слем во новата сезона.
Надал како и Бердих немаа никакви проблеми во осминафиналните натпревари против своите противници.
Шпанецот со максимални 3-0 ( 7:5, 6:1 и 6:4) го победи Јужноафриканецот Кевин Андерсон, додека Бердих истотака со 3-0 (6-2, 7-6, 6-2) славеше над домашниот тенисер Бернард Томиќ.

Tennis Australian Open 2015

Втората четвртфинална двојка ќе биде комплетирана откако ќе заврши натпреварот кој е во тек меѓу Енди Мареј и Григор Димитров. Моменталниот резултат е 1-1 во сетови.
Противник на победникот од овој дуел ќе Австралијанецот со грчко потекло Ник Кригијос кој по тежок меч против Андреас Сепи славеше во пет сета по целосен пресврт откако губеше со 2-0 во сетови. (5-7, 4-6, 6-3, 7-6, 8-6).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top