| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавил во полиција дека во дворот му врне снег

policija povikПортпаролот на полицијата во Норвешка изјави дека во последните денови добиваат урнебесни повици, а голем број од граѓаните се жалат поради работи кои не се во нивна надлежност.
Имено, на својот Твитер профил од полицијата напишале дека жителите на гратчето Адгер се жалат поради тоа што во дворот им врне снег, дека задоцниле на работа или, пак, дека не си го нашле весникот на кој се претплатени.

Во последниве денови местото е под постојани вржени од снег, а се очекува врнежите да продолжат и во следните денови.

Од полицијата велат дека се надеваат дека граѓаните ќе размислуваат пред да се јават за да пријават каков било проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top