Насмевката и позитивниот став го продолжуваат животот, утврдила група американски научници, која учествувала во глобалното истражување на атеросклероза.
Тоа било спроведувано цели 15 години, а резултатите од истражувањето се објавени во јануарскиот број на списанието „Health Behavior and Policy Review“. Клучот е во добрата состојба на кардиоваскуларниот систем на луѓето кои почесто се насмевнуваат или радуваат.
Научниците ја анализирале здравствената состојба на 5 100 доброволци на возраст од 45-84 години. 38% од нив биле бели, 28% Афроамериканци, 22% Латиноамериканци и 12% од Југоисточна Азија. Сите тие биле поделени во две групи – експериментална и контролна. Групите биле приближно еднакви по таквите параметри како средна возраст, раса, националност, начин на живот, физичката активност. Образованието и приходите исто влегувале во пресметките.
Во текот на истражувањето се отчитувале и фактори како масата на телото, количеството холестерол и нивото на гликоза во крвта, крвниот притисок. Учесниците се дефинирале и според нивниот тип личност – оптимист или песимист.
На крајот, било утврдено дека показателите кај оптимистите биле со 50-76 подобри отколку кај песимистите, а веројатноста од кардиоваскуларни болести речиси два пати помала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


