Освен основните работи како внесување на витамини, миење раце, здрава исхрана, постојат некои фактори за силен имунитет на кои не им посветуваме доволно внимание. Еве што уште влијае на нашето здравје.
1. Добар избор на маснотии
Храната богата со добри масти, како авокадо, ореви, лосос, е здрава и корисна. Таа нуди здрава маснотија која ја користиме за нега на мозокот и телото.
Од друга страна, нездравите масти не се од никаква помош. Големите количини на колачи, помфрит и пијалок со себе носат лоша маст која не е хранлива.
Лошите масти водат кон дебелеење, холестерол, што го нарушува нашиот имун систем.
2. Движење
За физичката активност најмногу се пишува во текстовите за дебелина и диети, односно постигање на витка линија. Меѓутоа, со регулирањето на холестеролот или високиот притисок, движењето дејствува блоготворно и на имунолошките сили на организмот како што е лачење на ендорфин или добар ритам на движењето на лимфата низ телото.
3. Ограничени количини на шеќерот во исхраната
Повторно тема која се поврзува со телесната тежина. Меѓутоа, корисно е да се знае и дека 100 грама шеќер во возрасен човечки организам со просечна тежина ја намалува способноста на белите крвни зрнца да ги елиминира килограмите за 40 одсто.
4. Дружење
Социјалната интеракција може да ги подобри функциите на имуниот систем, додека стресот има исклучително негативно дејство. Поедини студии докажале дека со активното дружење живееме значајно поздраво, а и подолго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исклучените од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски
-
Oслабен ви е имунитетот? Еве што треба да јадете!
-
Пратеник може да биде приведен, за притвор и одземање на имунитетот решава Собранието
-
Tајна за детски имунитет: „Не ги лекувајте со чудотворни лекови, туку со ова“


