| четврток, 6 декември 2018 |

Аудициите за „Икс-фактор“ започнуваат во Скопје

Аудициите за втората сезона на балканското музичко шоу „Икс-фактор“ се закажани за 2 и 3 февруари, а ќе се одржуваат во простириите на киното „Синеплекс“ во Сити мол.

Организаторите решија да започнат со аудициите токму во Македонија, бидејќи тоа е земјата на првиот победник Даниел Кајмакоски. Аудициите подоцна ќе продолжат низ Србија ,Црна Гора, Босна и Херцеговина, Република Српска, а од оваа сезона регионална ѕвезда ќе се бара и во Хрватска.

Пријавувањето се уште трае и тоа преку страната „Икс-фактор Адриа“ на „Фејсбук“ или со испраќање на смс-порака на 14 722
со содржина X2 (празно место) вашето име и презиме. Цена на пораката е 5,9 денари со ДДВ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top