Нашата идеја е да направиме меѓународна финансиска зона во Скопје. Тоа ќе бидат канцеларии каде ќе привлечеме да дојдат меѓународни финансиски институции, банки, осигурителни друштва. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во гостувањето на Сител 3.
-Две работи треба да им бидат сериозен магнет. Едната е да важат закони кои важат во најкредибилните земји каде одат финансиите, како Англија, Луксембург и слично. Втората е да има многу ниски даноци. Упростено кажано- англиски закони со многу ниски даноци. Тоа очекуваме дека би ги привлекло некои од меѓународните финансиски институции тука да ги отворат своите главни седишта и од тука да раководат дел од своите операции, рече Груевски.
Тој додаде дека државата нема да добие директно нешто од нив во смисла на даноци, бидејќи даноците ќе бидат многу ниски.
-Тие компании ќе вработат луѓе, ќе ги тренираат вработените да работат по меѓународни стандарди. Тие компании ќе ангажираат адвокати од тука, сметководители. Тие компании ќе купат имот, ќе доаѓаат со авиони. Топа се богати луѓе кои ќе доаѓаат и ќе има страничен ефект на нивно трошење, рече Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


