
Во Македонија даноците се најниски, а работната сила е високообразовна. Затоа, потенцијалните инвеститори се многу задоволни од понудата, смета Никола Груевски, премиерот на Македонија кој вечерва гостува во емисијата на Јанко Илковски.
Тој објасни дека освен овие два фактори, за инвеститорите е речиси најважен растот на економијата.
-Македонија и во 2013-та и 2014-та има трет најголем раст на БДП во Европа. Имаме 3,9 раст од првите три квартали. Имаме макроекономска стабилност. Македонија има релативно умерен државен долг. Македонија има 38 проценти задолженост, а Хрватска на пример над 100 проценти. Многу е важно какво е задолжувањето. Се работи за паметни и продуктивни проекти – рече Груевски.
Тој додаде дека конкуренцијата ќе ги зголеми и платите. Кога во земјава ќе пристигнат повеќе инвеститори кои бараат работна сила, понудената плата ќе расте пропорционално со бројот на новоотворени работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


