| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија нема дерман од македонските голмани

Австрија нема дерман од македонските голмани, а денеска во главната улога е Петар Ангелов Диви. Вториот голман на нашата репрезентација за 15-на минути во второто полувреме собра 7 одбрани и е клучен фактор за предноста од 6 разлика на Македонија во клучниот меч за второто место во Б групата.

makedonija-14

Слично беше и во Хернинг, лани во јануари, но тогаш Борко Ристовски блескаше на нашиот гол со 19 фатени топки. Македонија има предност од 29-23 на 15 мунути до крајот на мечот со Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top