Поројните дождови што го зафатија и нашиот регион предизвикаа да дојде излевање на Војшанска река од нејзиното корито и да поплави 10-тина куќи во селото Војшанци, објави „Неготино инфо“. Направени се штети и на инфраструктурата и на земјоделските површини, кои по санирањето на штетите допрва ќе се утврдуваат. Веднаш по првиот бран и по опаѓањето на нивото на водата, на терен интервенираа претставници на локалната самоуправа, Противпожарната единица од Неготино која со моторка ја црпеше водата од поплавените домови и со фап-цистерна обезбеди чиста вода за пиење за локалното население, на терен беа и работници на ЈП Комуналец, во расчистувањето се вклучија и жителите на Војшанци, а состојбата на лице место ја согледа и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.
фото_ Неготино инфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


