| четврток, 6 декември 2018 |

Дедото на Џорџ Буш организирал нацистички преврат во САД

Прескот Буш, татко на американскиот претседател Џорџ Буш – постариот и дедо на Џорџ Буш – помладиот, учествувал во заговор на група влијателни американски моќници од Волстрит, кои планирале во 1933 година државен удар за преземање на Белата куќа и воспоставување фашистичко диктаторство, објавува неделникот „Република“ в своето последно издание.

Заговорот бил подготвуван од мрежа богати индустријалци и банкари, раководена од сенаторот Прескот Буш. Меѓу поистакнатите членови на „Американска лига за слобода“,  како што се нарекувале себеси, биле челните луѓе на „Кеш Банк“, „Џенерал Моторс“, „Гудиар“, „Стандард оил“, „Хајнц“, „Колгејт“ и „Брдс ај“.

Планот пропаднал кога групата sе обидела за превратот да го врбува генералот Смедли Батлер, кому му ветиле поддршка од 500.000 веттерани на американската војска, надевајќи се дека ќе застане зад планот, како докажан во одржувањето на американските интереси во странство. Но, тука била и нивната најголема грешка. Смедли не само што не бил поддржувач на фашизмот, туку бил и голем патриот и симпатизер на тогашниот претседател, Франклин Делано Рузвелт, против чии политики бил насочен заговорот.

Генералот најпрвин го прифатил предлогот, со намера да ги открие мозоците на заговорот, за подоцна, во 1934 година да го пријави обидот пред конкгресниот комитет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top