| четврток, 6 декември 2018 |

СОНК има приходи повеќе од 80 милиони денари

sonk prihodiПриходите на СОНК во 2013 година изнесувале 80.986.223 денари, пренесува „Прес 24“, објавувајќи документи од Централниот регистар на Република Македонија.

Откако Синдикатот на просветарите во писмена реакција се закани со тужба до „Сител“ нагласувајќи дека информациите објевени вчера се „бескрајни лаги“, документите покажуваат дека Синдикатот нема 72 милиони, туку има приходи од 80 милиони денари.

„Раководството  на СОНК, под целосна материјална, морална и кривична одговорност  потврдува  дека на жиро-сметка на Советот на СОНК месечно,  и тоа повеќе години  наназад, пристигаат по  околу 800 илјади денари, или на годишно ниво малку помалку од 10 милиони денари“, стои во реакцијата на СОНК.

Иако вчера, пред објавувањето на првичната информација, во согласност со новинарските стандарди и практика и официјално, од СОНК побаравме информации колкави се приходите од членарината, како се трошат и дали за тоа постојат финансиски извештаи, како и каде би можеле да го најдеме, синдикатот место одговор ни поставуваше прашања.
Од таму нè прашаа кој закон ни дозволува да ги прашуваме вакви работи и по кој закон тиe се обврзани да ни ги дадат, пренесува „Прес 24“.

Во документите од Централниот регистар е наведено дека вкупните приходи во 2013 година биле повеќе од 80 милиони денари, а само од членарини во 2013 година СОНК инкасирал 23.672.347 денари.

Објавени се фотографии и од прашањата испратени од „Сител“ до СОНК, потоа одговорот од СОНК до „Сител“, како и документот со податоците добиени од Централниот регистар на РМ.

sarmasonk

untitleddsss

20150123133508

prihodi1111111111

prihodi1111111

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top