| четврток, 6 декември 2018 |

Во прекин железничкиот сообраќај Демир Капија – Гевгелија

воз

Во прекин е железничкиот сообраќај Демир Капија – Гевгелија поради прекин во железничката пруга како последица на обилните дождови кои го зафатија Демиркаписко, информира Тихомир Каранфилов од Oдделението за односи со јавноста при Центарот за управување со кризи.

– Според тоа што го имаме како информација засега, поплавени се и подрумски простории во Специјалниот завод во Демир Капија. Се работи на отстранување на водата. Поради излевање на реката Бошавица, на едно место е скинат заштитниот насип на улицата Партизанска која е полна со вода, па се работи и  таму на поправка на насипот – нагласува Каранфилов.

Според него, на терен се екипи што ги констатираат штетите и дали има поплавени куќи. Се работи на отстранување на последиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top